Двете екипи без пораз во сезоната, вклучувајќи го и полуфиналето, се соочија во финалето за националната титула на НЦАА – колеџ лигата во американски фудбал.
Имено, Алабама Кримсон Тајд (12-0) и Охајо Стејт Бакис (7-0) ги одмерија силите на ,,Хард Рок Стадиум” во Мајами. На патот до овде, Алабама, во полуфиналето, беше подобра од Нотр Дејм (31-14), а Охајо Стејт го надигра Клемсон (28-49).
Накрај, до титулата дојде Алабама, која славеше со убедливи 52-24. За тренерот Ник Сабан ова е шеста тренерска титула од 2008 наваму и прва после 2017/18, додека на клупско ниво, беше освоен вкупно 18. наслов во историјата.
Освојувачот на ,,Хајсман Трофи”, ДеВонта Смит (Алабама) имаше неверојатно прво полувреме со 12 фаќања за 215 јарди и три тачдауни. Неговиот учинок по првите две четвртини беше во целост подобар од учинокот на сите играчи на Охајо Стејт, кои имаа 191 освоен јард и два тачдауни.
Освен Смит, хет-трик за победничкиот состав постигна Наџи Херис, а Слејд Болден еднаш ја внесе топката во противничката енд-зона.
Квотербекот Мек Џонс, кој беше финалист во изборот за ,,Хајсман Трофи”, беше неверојатен со пет уфрлени тачдауни и освоени 464 јарди со додавање од 36/45 обиди.
Во составот на Охајо Стејт, два тачдауни забележа Мастер Тиг, а еден – Герет Вилсон. Нивниот квотербек, за разлика од Џонс, освои 194 јарди од 17/33 обиди за додавање.
📸 USA Today
Во соработка со НФЛ Македонија