Денеска ЖФК Љуботен од Тетово го претставија своето шесто засилување, овој пат се работи за Сенада Муратовиќ – Сенди која е репрезентативка на Бих, а беше довчерашна членка на ЖФК Модрича.

Се работи за крилен напаѓач кој што најјака карактеристика и е брзината, пробивите во противничката половина и нејзината техничка префинетост. Во својата богата кариера настапувала уште за тимовите на: Унгарски Ујпешт, Слобода и Градина.

Муратовиќ ја забележаа и скаутите на италијански Торино и беше пред голем трансфер но повредата ги промени плановите. Сега репрезентативката на Босна ќе биде една од најголемите имиња што заиграле во македонското првенство благодарение на ЖФК Љуботен и управата на клубот.




Фото: ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна