
Микаела Шифрин е старо-новата шампионка на Светскиот куп во алпско скијање, откако беше петтопласирана на денешниот спуст во Квитфјел, Норвешка.
Американката (+0,79) го подели петтото место со Рамона Зибенхофер и со новите бодови го освои петтиот кристален глобус во својата кариера.
На денешната трка беше заверен и малиот кристален глобус во спуст, кој по четврт пат и’ припадна на Софија Гоџа.
Гоџа (+0,29) го освои второто место на трката, а побрза од неа беше само Кајса Викоф Ли (1:32,36), која триумфираше за првпат во животот.
Третата позиција ја освои Корин Сутер (+0,41), додека четвртопласирана беше Словенката Илка Штухец (+0,61).