
Тампа Беј Лајтнинг го запишаа само четвртиот пораз во тековниот плејоф, откако синоќа загубија од Њујорк Ренџерс.
Имено, Ренџерс, на домашен терен, ги совладаа актуелните шампиони со убедливи 6-2 во првиот меч од меѓусебната полуфинална серија.
Заклучно со деветтата минута од втората третина, резултатот гласеше 2-2, но во останатиот дел, домаќините постигнаа уште четири погодоци.
Од победничките редови, двапати реализираше Филип Хитил, а по еднаш стрелаа Крис Крајдер, Френк Ватрано, Мика Зибанеџад и Артеми Панарин.
На другата страна, двата погодоци на Тампа Беј беа дело на Стивен Стамкос и на Ондреј Палат.