
Актуелните шампиони, Авангард Омск, се на чекор до пласман во четвртфиналето, откако поведоа со вкупни 3-0 против АК Барс Казањ.
Во третата средба од меѓусебната осминафинална серија, ,,Јастребите” триумфираа со резултат од 2-0.
Двата погодоци паднаа во последните пет минути, а нивни стрелци беа Арсени Грицјук и Павел Дедунов.
Во текот на цел натпревар, Авангард беше инфериорен тим што се изразува со фактот дека АК Барс упати 43, а дозволи само 19 шутеви.
Сепак, на голот на победничкиот состав стоеше Симон Хрубец, кој со 48 одбрани дојде до вкупно шестиот шут-аут во кариерата во плејофот на КХЛ.