
Со денешното второ натпреварување во Осло (Норвешка) беше комплетирано петтото издание на турнејата ,,Роу Ер” во ски скокови.
Како победник на цела турнеја излезе Штефан Крафт, кој беше константно во врвот, а денес заврши како трет.
Денес, до првиот триумф после 30 ноември 2019 дојде Даниел Андре Танде, а на подиум се радуваше Словенецот Анже Ланишек.
Лидерот после првата серија, Камил Штох, драстично потфрли со вториот скок и мораше да се задоволи со петнаесеттата позиција.
Без пиедестал останаа Германците Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер, а во првите десетмина се најдоа уште: Цене Превц, Рјоју Кобајаши, Роберт Јохансон, Даниел Хубер и Халвор Егнер Гранеруд.
Со денешниот ден завршија и ски скоковите за оваа сезона бидејќи од наредниот викенд, натпреварувачите ќе се натпреваруваат во ски летови.