Во дивизискиот дуел од АФК Југ се соочија Тенеси Титанс и Индијанаполис Колтс за првпат во тековната сезона.
Гостите од Индијана успеаја да слават со 17-34 и да се израмнат на табелата со денешните соперници на 6-3.
Тенеси доминираше во првото полувреме, кое накрај го заврши со предност од 17-13.
Сепак, во второто полувреме, Колтс направија целосен пресврт и серија од 21-0, за поставување на конечниот резултат.
Од домашниот состав, тачдаун постигнаа Д’Онта Формен и Џону Смит, а останатите поени ги постигна шутерот Стивен Гостковски.
Од друга страна, шутерот на Колтс, Бланкеншип, забележа два филд-голови и четири екстра-поени, а тачдауни постигнаа Најхајм Хајнс (х2), Ти Џеј Кери (после блокиран пант) и Џакоби Брисет.



