Првиот од двата денешни мечеви во КХЛ го одиграа Амур Хабаровск и Динамо Минск.
Амур го отвори резултатот уште во седмата минута, откако Владимир Бутузов ја затресе мрежата на Доминик Фурх.
Брендан Козун израмни за Динамо само педесетина секунди подоцна, со својот деветти гол сезонава, продолжувајќи ја својата голгетерска серија на три врзани натпревари.
После ,,сиромашната” втора третина, следуваше третата, во којашто Шејн Принс го комплетира пресвртот на Динамо Минск за конечен триумф од 1-2.
Од гостинскиот состав, вреди да се напомене јубилејот на Кирил Воронин, кој го забележа својот 250. настап во КХЛ. Освен за Динамо, Русинот го носеше дресот уште на Локомотив Јарослављ, на Медвешчак Загреб и на Адмирал Владивосток.
Со овој пораз, Амур ја прекина серијата од два врзани триумфи, но остана десетти на Истокот, додека Динамо Минск ја зазема четвртата позиција на Западот.



