
Дваесет и второто коло на турската одбојкарска Ефелер лига започна со триумфот на Галатасарај над Девели.
Претставниците на Истанбул ја оправдаа фаворитската улога и за нешто помалку од два часа славеа со 3-1, односно со 25-18, 25-21, 20-25 и 25-18.
Од избраниците на Умут Чакир, најефикасни, а воедно и единствен со двоцифрен поентерски учинок беа Томас Едгар (21) и Мортеза Шарифи (22).
На спротивната страна, Абдулах Џам имаше седумнаесет, а Михајло Станковиќ – шеснаесет поентирања.
Со новите три бода, Галатасарај ја задржа четвртата позиција, додека Девели се наоѓа на единаесеттото место.