Коњалти тимот на Моника Јанеска и Ивана Гакидова во последното коло во дерби дуелот против Јенимахал славеше убедливо со 42:26.
Македонките беа одлични на теренот. Гакидова постигна 5 погодоци, додека Јанеска 3 гола и беа меѓу најзаслужните за високата победа.
Коњалти заврши како второпласиран и во плеј-офот ќе игра против Текирдаг.