Екипата на Пролет во 17. коло од Суперлигата на домашен терен ја совлада екипата на Струга со 30:22, иако стружани одлично се држеа во првиот дел кога резултатот беше 13:13. Во вториот дел голманот на домаќините Јане Цветковски кој бранеше одлично и “тенката” клупа на стружани кои почна да ги стига уморот и се почесто да грешат доведоа Пролет да се одлепи и да слави рутинска победа.
Најдобар кај домаќинот беше голманот Јане Цветкоски со 12 одбрани, додека во нападот Жарко Пејовиќ и Џонов со по 6 гола. Во таборот на стружани најефикасни беа Барјактаревиќ со 7 и Кастратовиќ со 6 погодоци. На голот солидно бранеше голманот Дамјан Тутенкоски кој одбрани 2 седмерци и неколку зицери на домаќинот.




