Екипата на Норт Мелбурн Кенгарус има очигледни проблеми во тековната АФЛ сезона. ,,Кенгурите” имаат само две победи во првите осум кола и ја заземаат претпоследната позиција со дури шест врзани порази.
Денес, капитенот Џек Зибел ја имаше честа да најави добра информација за неговиот тим – враќањето на Маџак Доу.
Доу, поради повреда, беше надвор од терените цели 706 дена, а неговото враќање е прогнозирано за саботниот дуел против Аделаид Краус.
Високиот сестран играч е првиот Суданец кој заиграл во АФЛ. Неговото АФЛ деби датира од четвртата рунда во сезоната 2013, иако беше селектиран како деветти пик на драфтот во 2011. За Норт Мелбурн, досега, има одиграно педесет натпревари на коишто постигна четириесет голови, а најдобар момент во кариерата му е наградата за најдобар марк на сезоната во 2016.