Во првиот натпревар од деветтото коло од тековната АФЛ сезона, силите ги одмерија две мелбурнски екипи – Вестерн Булдогс и Ричмонд Тигерс.
Булдогс, во пресрет на овој дуел, важеа за благи фаворити поради поубедливата игра во последно време, како и поголемиот број на освоени поени по воведните осум кола.
Сепак, фаворитската улога не беше оправдана бидејќи Ричмонд ја имаше контролата во текот на сите четири четвртини и стигна до убедлива победа од (7.7) 49-90 (13.12).
За ,,Тигрите”, ова е најголем број на постигнати поени уште од првото коло, одиграно на 19 март, кога со (16.9) 105-81 (12.9) го надиграа Карлтон.
На денешниот меч, дури три играчи постигнаа хет-трик – Митчел Валис (3.1) од Булдогс односно Џејк Аартс (3.0) и Дастин Мартин (3.1) од Ричмонд.
Со оваа победа, Ричмонд скокна на третото и ги потисна денешните ривали на осмото место. Сепак и двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на сите останати конкуренти.