Доскорешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, денес официјално го доби својот нов тренерски ангажман. Имено, шпанскиот стратег од наредната сезона ќе го предводи тимот на Виљареал.
Во својата тренерска кариера, Емери беше на кормилото на неколку екипи – Лорка Депортива, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севиља, ПСЖ и Арсенал. Најдобрите авантури од сите горенаведени ги имаше дефинитивно во Севиља, каде што ја освои УЕФА Европа Лига во три последователни сезони (2013/14, 2014/15 и 2015/16) и во ПСЖ, каде што дојде до седум трофеи во Франција.
На клупата на Виљареал, Емери ќе го замени Хавиер Каљеха – поранешниот фудбалер на „Жолтата подморница“, кој оваа сезона ја заврши на солидното петто место.