
Со натпревар повеќе во однос на најблиските ривали, АЕК Атина успеа да се искачи на третото место во грчката Супер лига.
Имено, во петтото коло, претставниците на главниот град на Грција триумфираа со 0-2 на гостувањето кај Панетоликос.
Со вториот пораз во сезоната, Панетоликос падна на шестото место, иако, во случај на победа, ќе се искачеше до втората позиција.
На мечот, двата погодоци паднаа во второто полувреме, а домаќините имаа шанса да ја зголемат голеадата, но сепак им недостасуваше реализација.
За ,,Црно-жолтите”, во листата на стрелците се запишаа Леви Гарсија (48′) и дебитантот Харолд Мукуди (75′).