
Адмирал Владивосток дојде до првата ,,меч-топка” за пласман во втората фаза од плејофот, откако поведе со вкупни 3-2 против Салават Јулаев Уфа.
Имено, во петтиот дуел од меѓусебната четвртфинална серија, претставниците на далечниот Исток триумфираа со 3-4 после продолжение.
Адмирал стекна предност од 0-2 после само 86 секунди игра што претставува нов рекорд во плејофот на КХЛ, а на почетокот на втората третина, поведе и со 0-3.
Сепак, домаќините го израмнија резултатот на девет секунди пред крајот на регуларниот дел, но ,,паднаа на колена” после пет дополнителни минути.
За Адмирал, двоен стрелец беше Александер Шевченко, а по еднаш реализираа Данил Фаизулин и Јури Паутов.
На спротивната страна, мрежата на Никита Серебрјаков (92,5% одбрани, 37/40) ја затресоа Михаил Науменков и Алексеј Пустозјоров.