Македонија ќе учествува на Европското првенство во ракомет на песок кое ќе се одржи од 24-28 мај во Португалија. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја прифати понудата од ЕХФ за учество на женската репрезентација на Македонија по откажувањето на селекцијата на Турција од ЕП во женска конкуренција.

Македонија по пауза од четири години ќе игра во група заедно со репрезентациите на Холандија, Украина и домаќинот Португалија.
