
Адмирал Владивосток поврза три победи во низа и остана во битката за плејофот на осум натпревари пред крајот на сезоната.
Во првиот меч од денешната КХЛ програма, хокеарите од последниот град на транссибирската железница го совладаа Сибир Новосибирск со 2-1.
Адмирал поведе преку Либор Шулак во седмата минута од втората третина, а до почетокот на втората пауза, Сибир израмни со голот на Денис Голубев, додека имаше играч помалку на теренот.
Во третиот период, двете екипи упатија по девет шутеви кон противничката мрежа, но единствен што реализираше беше Марк Верба, кој му донесе триумф на Адмирал.
На табелата на Источната конференција, Владивосток е на претпоследната позиција, додека Сибир го држи шестото место.




