Велешанецот Зоран Стојановски е најновото засилување во редовите на Голден Арт. Ракометно полнолетен бидејќи 18 години е во овој спорт на позиција лево крило. Играч кој своите почетоци ги има на 13 годишна возраст во „Борец”, преку “Овче Поле” до “Радовиш”. Искусниот Стојановски 11 години е дел од македонската суперлига.