
Пред точно четири години, односно на 12 јануари 2019, Лиза Витоци ја оствари својата втора индивидуална победа во кариерата.
Денес, токму на истиот датум, Италијанката (40:05,9) дојде и до третиот триумф, откако славеше на индивидуална трка на петнаесет километри во Рухполдинг, Германија.
Освен неа, од најдобрите десет, стопроцентен стрелачки учинок имаше и Французинката Лу Жанмоно (+39,0), која се искачи на второто место и дојде до првиот подиум во Светскиот куп.
Нејзината сонародничка, Жулија Симон (+45,2), беше последна со заостаток под една минута, доволно за да ја зазеде третата позиција.
На четвртото место заврши Доротеа Вирер (+1:09,7), а по неа следуваа сестрите Хана Оберг (+1:10,9) и Елвира Оберг (+1:20,5).