
ЦСКА Москва дојде до шестата победа на последните седум средби, совладувајќи го Барис Нур-Султан со 2-5.
На средина од натпреварот, резултатот гласеше 2-2, откако гостите имаа двојно водство, а домаќините брзо израмнија.
Сепак, до крајот, ,,Армејците” ја оправдаа фаворитската улога и забија уште три гола во мрежата на Никита Бојаркин.
Од редовите на казахстанскиот тим, во листата на стрелците се запишаа Антон Сагадејев и Дмитри Шевченко.
На спротивната страна, по еднаш реализираа Матвеј Гусков, Константин Окулов, Сергеј Плотников, Антон Слепишев и Максим Мамин.
Во Источната конференција, Барис остана на осмото место, додека ЦСКА ја држи втората позиција на Западот.