Хенрик Кристоферсен оствари двојна победа во Крањска Гора (Словенија), откако славеше на двата последователни велеслаломи.
Норвежанецот (2:18,13) денес надомести две места во однос на првата серија и изби на третото место во генералниот поредок.
Како второпласиран заврши Австриецот Штефан Бренштајнер (+0,23), кој го освои вториот пиедестал во својата кариера.
Лидерот после првиот дел, Марко Одермат (+0,27), го комплетираше подиумот и речиси сигурно се зацврсти на врвот во вкупниот пласман во пресрет на финалето во Мерибел.
Во продолжение, под една секунда заостануваа: Лукас Бротен (+0,44), Александер Шмид (+0,54), Џино Кавиецел (+0,68), Мануел Фелер (+0,72) и Атле Ли МекГрат (+0,93).