Денешната саботна програма на 38. коло од англискиот Чемпионшип ја затвори 112. дербито на јужен Велс помеѓу Свонси и Кардиф.
Имено, по 45. пат во историјата, резултатот му отиде во прилог на Кардиф, кој славеше со 0-1.
Единствениот погодок за тимот од главниот град на Велс го постигна дефанзивецот Ејден Флинт (8′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат сезонава.
Во вториот дел, Свонси имаше неколку одлични шанси при кои протагонисти беа Андре Ају и Морган Витакер, но сепак ниеден шут не заврши во мрежата на Дилон Филипс.
Откако пред 14 кола Мик МекКарти седна на клупата на Кардиф, популарните ,,Сини птици” имаат осум победи, пет ремија и само еден пораз.
Сето тоа резултираше со скок на осмото место на табелата, додека Свонси и понатаму остана на третата позиција.
📸 Alex Burstow/Getty Images