Во увертирата на 23. коло од англискиот Чемпионшип, Барнсли ремизираше против ВБА со 0-0.
За домаќините, овој бод беше ,,голем како куќа” со оглед на фактот дека им донесе релативна помош во борбата за опстанок.
И покрај трите ремија на последните четири пресметки, Барнсли го држи претпоследното место на табелата.
Од друга страна, ВБА не знае за пораз пет кола и ја држи високата трета позиција.
На денешната средба, гостите од Вест Бромвич доминираа во текот на сите деведесет минути, но тренерот Валериен Исмаел не успеа да му нанесе пораз на својот поранешен тим.