На квалификациите во пресрет на првото натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во Енгелберг, Швајцарија, најдобар беше Рјоју Кобајаши.
Јапонецот имаше скок од 136,5 метри, кој беше со иста должина, но технички подобро изведен од скокот на второпласираниот Тими Зајц.
Третото место му припадна на победникот на квалификациите во Висла, Јан Херл, додека четврт беше Роберт Јохансон.
Во продолжение, во првите десетмина завршија уште: Камил Штох, Мариус Линдвик, Петер Превц, Килијан Пајер, Халвор Егнер Гранеруд и Карл Гајгер.
Од фаворитите, најнегативно изненади Пјотр Жила, кој не избори пласман во првата серија.