Во рамките на денешната КХЛ програма, Северстаљ Череповец успеаја да го победат составот на Локомотив Јарослављ со 4-2 што претставува прв домашен триумф над денешниот ривал после 2 септември 2017 (3-2).
До средината на втората третина, домаќините стекнаа капитална предност од 3-0, со головите на Кирил Адамчук, на Никита Макејев и на Шон Лалонд.
Во наредните четиринаесет минути игра, односно до почетокот на третиот период, Локомотив намали на 3-2 преку Андре Петерсон и Антон Ландер, а конечниот резултат го постави Макар Хабаров.
Северстаљ Череповец сè повеќе се доближуваат до пласманот во плејофот, земајќи го предвид фактот дека со новите два поени имаат шест бодови предност во однос на деветтопласираниот Спартак Москва.
Од друга страна, Локомотив уште одамна обезбеди доигрување, заземајќи го третото место на Западот.
📸 bookmaker-ratings.by