Нејмар и ПСЖ ќе ја продолжат соработката на дополнителни четири години, тврдат одредени француски медиуми. Нејмар долго време бараше начин да се врати во Барселона. Сепак бразилецот се премисли и самиот истакна дека би сакал да биде играч на Светците уште долго време.
Потпишувањето на новиот договор е голема работа за управата на ПСЖ, а сега останува фокусот да се насочи кон втората мисија, а тоа е продолжување на договорот на Килијан Мбапе.