Единствениот денешен натпревар во англиската Лиг 2 го одиграа две екипи од долниот дел на табелата – Волсал и Бероу.
Ривалите пружија тврд фудбал на ,,Бескот Стадиум”, а накрај, со трите поени замина Бероу, кој славеше со 0-1.
Минатогодишните петтолигаши ја контролираа играта во поголемиот дел од мечот, а до вториот триумф во низа дојдоа со голот на Џош Кеј на три минути пред крајот.
Имено, Англичанецот го заби петтиот овосезонски погодок после само четири минути поминати на теренот, доволни за да стане херој на својот тим.
На табелата, Бероу ја држи 22. позиција, со три поени повеќе во однос на ,,црвената” зона, додека Волсал се наоѓа на 19. место.
📸 Naomi Baker/Getty Images