Во увертирата на 36. коло од англискиот Чемпионшип, Блекбурн на домашен терен, беше поразен од тимот на Брентфорд со минимални 0-1.
Во 10. минута, домашниот капитен, Дарах Лениан, неспретно го сруши Тарик Фосу во својот шеснаесетник, а од белата точка прецизен беше Ајван Тони, кој му донесе почетно водство на Брентфорд, а воедно го постави и конечниот резултат.
За Брентфорд, ова беше шести овосезонски пенал, а воедно и шестиот прецизно изведен од страна на Тони.
За Англичанецот, ова беше 26. лигашки погодок во тековната сезона со што убедливо го држи првото место на листата на стрелците.
До крајот немаше никаква резултатска промена, а Блекбурн, освен со поразот, ќе мора да се соочи и со обновената повреда на еден од најдобрите поединци – Бредли Дак.
Со новата победа, Брентфорд изби на второто место, додека Блекбурн остана на четиринаесеттата позиција на табелата.
📸 Gareth Copley/Getty Images