Во првиот меч од 28. коло на италијанската Серија Б се соочија Читадела и Пиза.
Како победник од нивниот втор овосезонски натпревар излезе домаќинот Читадела, кој триумфираше со 2-0.
Имено, почетно водство на клубот од областа Венето му донесе Франк Тсаџу (8′) со својот втор овосезонски погодок.
До крајот на првиот дел, предноста на ,,Чита” ја удвои Федерико Проја (30′), кој стрелаше на вториот натпревар во низа.
Во второто полувреме, Пиза ја презеде иницијативата, но не успеа да ја затресе мрежата на Елхан Кастрати.
Претставниците на Тоскана дури ги одиграа последните десет минути со играч повеќе, откако асистентот на вториот гол, Симоне Бранка, заработи втор жолт картон.
Со новите три поени, Читадела скокна на петтата позиција, додека Пиза го држи деветтото место со пет бодови заостаток во однос на плејоф-зоната.
📸 Twitter: A.S. Cittadella 1973



