Екипата на Ултрас Кидс од Струга, составена од фудбалери родени 2016 година, го заврши своето учество на меѓународниот детски фудбалски турнир во Златибор, Србија. Младите стружани беа елиминирани во четвртфиналната фаза, откако загубија со 2-0 од реномираниот тим на Црвена Ѕвезда.
И покрај поразот, тимот остави позитивен впечаток со својата борбеност, посветеност и тимска игра. Ултрас Кидс покажаа висок спортски дух и постигнаа значаен успех со самиот пласман меѓу најдобрите осум екипи на турнирот, кој собра голем број екипи од целиот регион.
Тренерскиот тим изрази гордост за настапот на своите млади фудбалери, нагласувајќи дека ваквите натпревари се од голема важност за нивниот развој и спортски раст.




