Тимот на Мулти Есенс не само што ја освои шампионската титула на младинскиот фајнл-фор, туку ги собра и сите индивидуални признанија, потврдувајќи ја својата супериорност на турнирот.
Во финалниот натпревар, блесна голманот Ѓорѓи Николовски, кој со серија извонредни интервенции го заклучи голот и сосема заслужено беше прогласен за најдобар голман на фајнл-форот. Неговите одбрани беа клучни за триумфот на Мулти Есенс во борбата за титулата.
Антонио Наковски го заврши турнирот како најдобар стрелец, со што уште еднаш го покажа својот голгетерски инстинкт и константната форма во текот на целата сезона.
Највисокото индивидуално признание – титулата за најкорисен играч (МВП) – му припадна на Матеј Тевдовски, кој со својата лидерска улога, креативност и борбеност го водеше тимот до трофејот.




