Првата пресметка во еднодневниот крикет формат, од новата интернационална серија помеѓу Индија и Англија, заврши во корист на азиските претставници.
Имено, Индија ги порази светските шампиони со резултат од 317/5 (50) – 251/10 (42.1), предводена од одличните удирачи и од солидните фрлачи.
Во првиот ининг, Индијците имаа четири играчи што постигнаа ,,педесетка”, од кои, најефикасен, со 98 поени, беше Шихар Даван.
Од фрлачите на Англија, викети освоија само Бен Стоукс (3-34) и Марк Вуд (2-75).
Во вториот дел од мечот, најмногу поени за Англија постигна Џони Беирстоу (94) со просек од 142,42.
Од победничкиот состав, викети освоија четири фрлачи, а најдобар учинок имаше Прасид Кришна (4-54).
📸 Surjeet Yadav/Getty Images