Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да го искористи домашниот терен и забележа пораз од Магдебург на првиот осминафинален натпревар во Европската лига со резултат од 24:32.
Германскиот гигант во овој двомеч влезе како голем фаворит и како тим кој е во одлична форма во последниот период, а тоа го покажа и на битолскиот паркет во салата ,,Боро Чурлевски”.
Најдобар стрелец во таборот на победничката екипа беше Магнусон со десет гола, а шест имаше Дамгард. Кај Еурофарм Пелистер се истакна Мандалиниќ со шест гола, пет постигна Граџан, а по три постигнаа Мараш и Периќ.



