Хокеарите на АК Барс Казањ се првите полуфиналисти во тековната КХЛ сезона, откако во четврт-финалето го добија Салават Јулаев Уфа со вкупни 4-0.
Нивниот последен меѓусебен меч беше одигран денес во Уфа, а гостите славеа со 2-3.
Иако Салават имаше неверојатна поддршка од домашните навивачи, сепак претставниците на Казањ направија ,,блицкриг” и постигнаа три голови за само пет минути игра.
Имено, на крајот од втората третина, за АК Барс стрелаа Кирил Петров и Дмитри Воронков, а третиот дел го отвори Станислав Галиев со погодокот за 0-3.
До крајот, Салават успеа да постигне само два почесни погодоци и да разочарувачки начин да ја заврши сезоната.
Последните голови за ,,Зелените” од Уфа беа дело на Џеф Плет и на Александер Кадејкин.
Во полуфиналето, АК Барс ќе се соочат со победникот од серијата помеѓу Авангард Омск и Металург Магнитогорск.
📸 ak-bars.ru



