
Во првиот меч од првото коло на грчката Супер лига 2 Север, минатосезонските шампиони ,,за влакно” избегнаа пораз.
Имено, на домашен терен, екипата на Верија успеа да се извлече против Б тимот на ПАОК и да ремизира со 1-1.
Првото полувреме заврши со 0-0, но гостите од Солун, веднаш после паузата стекнаа почетна предност преку Зисис Хатзиставрос (54′).
Резултатот од 0-1 беше активен речиси до последниот судиски свиреж, но бод на домаќините им донесе Камерунецот Флорентан Буоли (90+6′) со својот дебитантски гол во новата средина.