
Репрезентацијата на Турција го започна одбојкарското СП во Љубљана со убедлив триумф од 3-0 над Кина.
Турците набрзина ја оправдаа фаворитската улога и ги добија трите сета со 25-15, со 25-19 и со 25-14.
Протагонисти во триумфот на ,,Црвените” беа Адис Лагумџија и Бурак Ѓунгор со деветнаесет, односно со седумнаесет поени.
На спротивната страна, единствен со двоцифрен учинок од десет поентирања беше Џингјин Жанг, а по пет пати топката ја забија Жеџија Жанг и Гуанхуа Жанг.
Во групата Б, Турција го презеде првото место, но има натпревар повеќе во однос на Италија и на Канада.




