
Во петтото коло од англиската Национална лига, Олдам Атлетик го совлада Алдершот со резултат од 2-1.
За двете екипи, ова беше прв меѓусебен дуел после далечната 1974, кога Олдам славеше со 2-0 во тогашната четврта лига.
На мечот, домаќините поведоа брзо преку Ден Гарднер (20′), а осум минути подоцна, за гостите израмни новото засилување од шкотскиот Мадервел – Џастин Амалузор (28′).
Нерешениот резултат беше актуелен сè до петтата минута од судиското продолжение, кога Халам Хоуп (90+5′) погоди за победа на клубот од Ленкашир.
На табелата, Олдам го зазема десеттото, а Алдершот – дваесет и второто место.
Во истиот термин беше одигран уште еден натпревар во кој, Честерфилд го порази Барнет со 3-1 и го презеде водството.




