Традиционално, на преминот од новата кон старата година, во рамките на Светскиот куп во крос-кантри се одржува етапната трка Тур д Ски.
Оваа година, Тур д Ски се одвива по шеснаесетти пат низ три локации: Ленцерхајде (Швајцарија), Оберстдорф (Германија) и Вал ди Фиеме (Италија).
Првата етапа низ швајцарските Алпи беше всушност спринт во слободен спринт во машка и во женска конкуренција.
Кај дамите, до победата дојде актуелната шампионка Џеси Дигинс (3:00,12), која во финалето, во помалку од една секунда, зад себе ги остави Матилде Мирволд (+0,13), Анамарија Лампич (+0,30) и Џулија Керн (+0,59).
Од фаворитките, квалификациите не ги поминаа неколку скијачки, односно Фрида Карлсон, Лота Уднес Венг, Хајди Венг, Делфин Клодел и Еба Андерсон.
Во машка категорија, без пласман во четвртфиналето останаа многубројни фаворити како Сјур Роте, Денис Спитсов, Франческо Де Фабијани и Емил Иверсен.
Накрај, со триумф се закити првопласираниот во генералниот поредок, Јоханес Клебо (2:38,9), додека останатите пет финалисти беа поделени во само една секунда.
На подиумот завршија Французите Ришар Жув (+0,99) и Лука Шанава (+1,26), а без медал останаа Ерик Валнес (+1,49), Федерико Пелегрино (+1,81) и Паал Голберг (+2,01).