
Петтиот овосезонски велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција, а воедно и последен во 2021, беше одржан во Линц, Австрија.
На него, Французинката Теса Ворли (2:03,88) ја запиша петнаесеттата победа во кариерата, откако беше прва и после двете серии.
Актуелната шампионка, Петра Влхова (+0,30), напредна од четвртото до второто место, а како третопласирана заврши победничката на последната трка – Сара Хектор (+0,38).
Пласманот во првите пет го комплетираа Федерика Брињоне (+0,64) и Рагнилд Мовинкел (+0,83), кои воедно беа и последни со заостаток помал од една секунда.
Во продолжение, во топ десет завршија уште: Марта Басино (+1,10), Камил Раст (+1,41), Мина Фирст Холтман (+1,43), Катарина Трупе (+1,53) и Мета Хроват (+1,61).