Првата дестинација на овогодинешното издание на Тур д ски беше швајцарскиот Вал Мустер. По двете воведни трки, денес, на истата локација беше одржана и последната во машка и во женска конкуренција.
Мажите се тркаа повторно на петнаесет километри, но наместо вчерашниот масовен старт, денес имаше потера базирана на вчерашните резултати. Накрај немаше драстични промени во однос на вчерашните резултати. Александер Болшунов (32:11,1) во целост ја одбрани стартната предност, а неговиот сонародник, Артјом Малцев (+53,7) го освои второто место. Морис Манифика (+1:07,0) го комплетираше подиумот, а во топ 5 се најдоа уште Денис Спитсов (+1:10,7) и Иван Јакимушкин (+1:34,2).
Иста трка како мажите имаа и жените, но на пет километри пократка дистанца. Џеси Дигинс излезе како победничка, пред сонародничката Роузи Бренан (+5,6) и Швеѓанката Фрида Карлсон (+10,7). Под една минута заостануваа Анамарија Лампич (+57,9) и Јулија Стубак (+59,4). Победничката на првите две трки, Лин Сван (1:12,9) го освои шестото место, но го загуби првото во пласманот на Тур д ски од Карлсон.
📸 US Ski Team