Првиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки во 2021 беше лоциран во Конихзее.
По трите трки во двојна, во машка и во женска конкуренција, целиот настан се затвори со четвртата мешана тимска трка во сезоната.
Победници на последната трка беа Австријците (2:42,729) за првпат во новата сезона. Победничкиот состав го сочинуваа Маделен Егле, Нико Глајршер, Томас Штој и Лоренц Колер.
На подиумот се најдоа Германија (+0,193) и Русија (+0,804) што беа единствени селекции со заостаток помал од една секунда.
За Германија санкаа победниците на сите три претходни трки (Јулија Таубитц, Феликс Лох, Доминик Егерт и Саша Бенекен), додека за Русија настапија Викторија Демченко, Роман Репилов, Всеволод Кашкин и Константин Коршунов.
📸 Dmitry Feoktistov