Младите репрезентативци на Македонија до У-21, Ристе Јанков, Дарко Чурлинов и Тодор Тодоровски се прекомандувани во А-националниот состав на Македонија за претстојните два натпревари од фазата по групи на Лига на нации против Естонија на домашен терен и против Ерменија на гостински. Со залагањето и перфомансите сите тројца заслужено го добиваат дополнителниот повик.



