Еден од најефикасните денешни натпревари од КХЛ го одиграа источните ривали Трактор Чељабинск и Автомобилист Екатеринбург.
Накрај, Трактор успеа да триумфира со 4-3 после продолжение, откако претходно, на педесетина секунди до крајот на регуларното време, успеа да го избегне вториот пораз во низа.
Имено, секоја од трите третини заврши со 1-1, притоа Трактор водејќи еднаш, а Автомобилист – двапати.
За домаќините, по еден погодок постигнаа Лукаш Седлак, Томаш Хика и Понтус Аберг, додека за екипата од Екатеринбург погодија Алексеј Макејев, Грегориј Белоусов и Питер Холанд.
Во продолжението, после минута и пол игра, победата на Трактор му ја донесе Сергеј Калинин.
За ,,Мечките”, ова беше прва победа над денешниот ривал после 27 февруари 2018, кога славеа со 1-3, односно после четиринаесет меѓусебни средби.
За Автомобилист, ова беше четврти пораз во низа за заземање на петтата позиција на Истокот, односно две подолу од Трактор.



