Двата реномирани италијански одбојкарски гиганти во изминатите десетина години, Трентино и Пијаченца, ја имаа честа да го заокружат 15. коло од тековната сезона во Серија А.
Домаќините од Тренто, накрај, славеа полесно од очекуваното и ја продолжија победничката серија на седум врзани победи во сите натпреварувања. Конечниот резултат изнесуваше 3-0 (25-16, 25-21, 25-17).
Најефикасен одбојкар на мечот беше натурализираниот Холанѓанец Нимир Абдел Азиз со дваесет поени. Освен него, од составот на Анџело Лоренцети, двоцифрен беше и Рикардо Лукарели (11). Кај Пијаченца, најмногу поени забележа Арон Расел (12).
Со новите три поени, Трентино скокна на петтото место, притоа имајќи натпревари помалку во однос на конкурентите. Пијаченца и покрај поразот, засега останува на четвртата позиција.



