Во рамките на Третата лига – Исток во последното коло се одигра дербито помеѓу домашниот тим на Брегалница Делчево наспроти тимот на Малеш од Берово. Делчевци по подобра игра стигнаа до победа од 2:0 со головите на Влатко Марковски и Мартин Гоцевски.
Со новите три бода Брегалница ја освои есенската шампионска титула и се зацврсти на чело на табелата кое што идната сезона носи пласман во второлигашка конкуренција.