Одчичниот српски репрезентативец Богдан Радивојевиќ кој игра на позицијата десно крило е пред трансфер во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, пишува Спортски Журнал.
Радивојевиќ во Битола треба да пристигне како слободен играч откако му заврши договорот со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед. На десно крило тој треба да направи квалитетен тандем со македонскиот репрезентативец Ненад Костески.