Црвена Звезда закажа генерална проба за новата натпреварувачка сезона во Србија со доста силен противник, но ако „црвено-белите“ сериозно си го сфатија тестот, Италијанците изгледаат целосно загубено на „Рајко Митиќ“ и доживеаја историска бламажа.
Иако станува збор за пријателска средба, разликата во квалитет на Маракана беше неверојатна во првото полувреме, во кое Црвена Звезда брутално ја понижи Фиорентина.
Во стартниот тим од Фиренца има фудбалски имиња како Терачано, Бираги, Бонавентура, Иконе и Јовиќ и дефинитивно не може да бараат било какво оправдание со срамното издание, но од друга страна, мора да се истакнат само пофалбни зборови за пристапот на домаќините.
Звезда поведе со голот на Олајинка по 9 минути игра, Красо погоди за 2:0 во 10-та, а вистинскиот потоп за гостите од Италија продолжи од 13-та до 27-та минута.
Иваниќ зголеми на 3:0, а нестварниот половина час на Звезда беше комплетиран од Олајинка и Букари за неверојатни 5:0.