Репрезентативката на Македонија, Драгана Петковска во следната сезона ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера. Голманката, која во минатата сезона настапуваше за израелскиот тим на Макаби Ришон Ле Зион се сели во АЕК во Грција.
Драгана Петковска е едно од засилувањата на женскиот тим на АЕК. Женскиот тим на АЕК кој гради супер проект, кој за некоја сезона треба да биде пандан на машкиот тим и да доминира во грчкиот ракомет со ѕвезди од рангот на Стипе Мандалиниќ и ред други.
Драгана својата кариера ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, потоа настапуваше за првиот и втор тим на Вардар. Беше дел од данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске. После настапите во Данска, го бранеше голот на Јагодина во Србија од каде се пресели во Израел.е