По четврт пат на последните пет меѓусебни натпревари, Трактор Чељабинск успеа да запише победа над Авангард Омск.
Во првиот денешен дуел, ,,Мечките” ги надиграа ,,Јастребите” со минимални 1-0 на домашен терен.
Стрелец на единствениот погодок беше Максим Шабанов во третата третина.
Голманот на претставниците на Чељабинск, Илја Проскурјаков, запиша 27/27 одбрани и дојде до вториот овосезонски шут-аут.
Во Источната конференција, Трактор скокна на осмото место, спуштајќи го Авангард на десеттата позиција.